fbpx

Нема кој да ги брани работниците: Дневница 400, а казна за отсуство 1.500 денари!

-

Со новата одлука за исплата на К15, оставено е компаниите сами да одлучат дали ќе исплаќаат или не. Во практика тоа би значело дека работниците тешко ќе можат да се надеваат на тие пари.

И покрај тоа што досега исплатата на К15 беше задолжителна, компаниите наоѓаа различни „дупки“ како да си ги вратат парите. Ги исплаќаа парите на трансакциска сметка на работниците, па тие им ги враќаа на рака или им кратеа од плата.

Сега можат само да се оправдаат дека немаат доволно приходи или дека парите ги планираат за инвестиции.

Кој ќе ги проверува?

Впечатокот е дека секоја мерка е на штета на работниците, а во корист на работодавците. Сојузот на синдикати на Македонија, практично „шурува“ со власта и оттука нема кој да застане во одбрана на работничките права.

– За сè е виновен Сојузот на синдикати, а Владата го штити и не дозволува да се регистрираат други синдикати. Ние како Конфедерација на слободни синдикати не можеме да се регистрираме, цело време ни наоѓаат некои пречки. Мојот апел до работниците е да не се плашат и да формираат свои синдикати и да не членуваат во ССМ. Нивната бројка таму изнесува од 10.000 до 30.000, а одлуките се однесуваат на 500.000 – 600.000 вработени – вели Марјан Ристовски од Конфедерација на слободни синдикати.

Од друга страна, постојат безброј примери на кршење на работничките права, а притоа никоја од инспекциите не излегува на терен и не ја утврдува фактичката состојба.

Како пример ќе наведеме дека во една штипска конфекција една дневница на работник чини 400 денари. Ако тој отсуствува, ќе му се одземат 1.500 денари, во кои се пресметани 500 денари дневница (што значи дека дневницата за отсуство е поголема од дневницата за присуство) и 1.000 денари за отсуство. По таа логика, зошто не им се исплаќа 1.000 денари за присуство? Кратат нешто, што практично не го исплаќаат.

Исто така, картичките за регистрација на работно време стојат кај работодавците. Тоа значи дека наместо работниците да ги отчукуваат при влез и при излез, тоа го прават работодавците, за да можат да прават малверзации со бројот на работни часови и да не мора да плаќаат за прекувремена работа.

– Потребно е трудовата инспекција да излезе на терен и да ги утврди условите за работа. Видовме што се случи со две работнички во „Дрекселмаер“ и во конфекција во Штип – додава Ристовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надовор од животна опасност но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...