fbpx

Могерини: Да се истражат нападите врз новинарите

-

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска побара на новинарите да им се обезбеди без страв да си ја вршат својата работа, а тие што ги напаѓаат да бидат изведени пред лицето на правдата.

– Нападите врз новинари не претставуваат само напади врз жртви, тие истовремено претставуваат напади на слободата на изразување и на слободата на медиумите – порача Могерини по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнувањето на казниви дела против новинари.

Истражувањата покажуваат дека помалку од 10 отсто од нападите врз новинари во светот воопшто не стигнуваат до суд, а процентот на осудени напаѓачи е уште помал, поради што 2 ноември е прогласен за ден за отрстранување на таквата практика.

– ЕУ очекува државните власти целосно да се придржуваат до своите меѓународни обврски за ефикасна, навремена и независна истрага на таквите кривични дела и за доведување на државните и на недржавните извршители и поттикнувачи на тоа насилство пред лицето на правдата – порача Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...