fbpx

Мигрантите и излегувањето на Британија од ЕУ, во фокус на самитот на Унијата

-

Можното излегување на Велика Британија од Европската унија и мигрантската криза се двете главни теми за кои ќе расправаат шефовите на земјите-членки на ЕУ-самитот, кој денеска почнува во Брисел.

Европските претставници на дводневниот самит ќе се обидат да постигнат договор меѓу Брисел и Лондон за барањата на британската влада како да се избегне „брексит“, односно излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека „нема никакви гаранции“ дека ќе се дојде до договор, без разлика на сè поголемиот оптимизам дека на повидок е договор. Тој предупреди дека преговорите за барањата на Британија за реформите во ЕУ достигнале „критична точка“ и оти ризикот дека Лондон ќе го напушти блокот е реален.

Самитот се одржува во атмосфера на силен притисок од некои земји што се на удар на мигрантската криза, особено Австрија. Тие бараат засилување на контролите на границите, па дури и нивно затворање, во страв дека ќе биде загрозен Договорот од Шенген, кој е еден од темелните вредности на ЕУ.

Многу европски лидери предупредуваат дека ЕУ има шест до осум недели да најде заедничко решение. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека на претстојниот самит ќе изврши притисок врз другите лидери на ЕУ да соработуваат со Турција, за да се запре бегалскиот бран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...