!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Меј заплакала кога ги слушнала изборните резултати


       
Лондон, 13 јули, 2017 - 16:20 (META) 

Британската премиерка Тереза Меј не сакаше да каже уште колку ќе остане на власт откако го изгуби парламентарното мнозинство, но откри дека пуштила солза откако ги слушнала резултатите од изборите во јуни.

– Гледам дека имаме многу работи да завршиме, а јас како премиер сакам да продолжам да работам за да го смениме живот на луѓето на подобро – рече Меј за „Би-би-си“.

Таа рече дека „пуштила солза“ кога сопругот Филип ѝ ја пренел веста, која за неа, како што вели, била „целосен шок“.

Таа рече дека знаела оти кампањата не ѝ била „совршена“, но според информациите што ги добивала, конзервативците требало да го зголемат мнозинството. Сепак, тоа не се случило.

– Сопругот ме гушна – рече Меј и додаде дека малку заплакала.