fbpx

Матис пристигна во Скопје поради можното руско мешање во референдумот

-

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утринава слета на Скопскиот меѓународен аеродром и беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Според најавената агенда, Матис денеска ќе се сретне со Шекеринска, со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорге Иванов.

Портпаролот на Пентагон Ерик Пеон, вчера соопшти дека Матис ќе ги повика македонските граѓани да гласаат на референдумот и, исто така, ќе ги истакне петте милиони долари што ги обезбедува САД годишно за безбедносна поддршка.

-Русија се обидува да ги убеди Македонците дека Западот ќе ги напушти, дека Русија е стабилното влијание во регионот. Тоа едноставно не е вистина. Промената на името и влегувањето на земјата во алијансата ќе го намали влијанието на Москва. Зачленувањето на Македонија во НАТО е еден од најлошите кошмари на Русија – изјави Пеон за „Њујорк Тајмс“.

Во најавата на американскиот весник на посетата на Матис се цитираат западни дипломати, кои велат дека 40 нови сајтови се појавуваат дневно на Фејсбук да ги охрабрат луѓето да го бојкотираат референдумот. Овие сајтови, кои потекнуваат надвор од земјата, се вклопуваат во шемата на руското влијание на други избори, велат дипломатите.

Кога Матис ја најави посетата на Македонија минатата недела, тој кажа дека доаѓа да ја поддржи Македонија пред претстојниот референдум за името и за влез во ЕУ и НАТО, но и да ја изрази загриженоста од можно руско мешање во гласањето.

-Тоа ме загрижува… Тој вид пакост што Русија го практикува од Естонија до САД, од Украина и сега до Македонија, секогаш се прилагодува на специфична ситуација и отсекогаш бил неприфатлив – рече Матис најавувајќи ја посетата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...