сабота, 15 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: мешање | 20 резултати

Матис пристигна во Скопје поради можното руско мешање во референдумот

17 септември 2018

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утринава слета на Скопскиот меѓународен аеродром и беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли. Според најавената агенда, Матис денеска ќе се сретне со Шекеринска, со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорге Иванов. Портпаролот на Пентагон Ерик Пеон, вчера соопшти дека Матис ќе […]

Јовески: За Алмир Алиу ќе се постапува неселективно, непристрасно и професионално

23 јануари 2018

Апелирам до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве, стои во изјавата на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, по повод вчерашниот протест поради преквалификацијата на кривичното дело во случајот со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу. Тој нагласува дека обвинителите својата работа […]

Хамнеи ги обвини „непријателите на Иран“ за поттикнување на антивладините протести

2 јануари 2018

Иранскиот врховен верски лидер, aјатохалот Али Хамнеи ги обвини „непријателите на Иран“ за поттикнување на насилните антивладини протести кои изминативе неколку дена се случуваат во земјата и во кои досега настрадаа 22 лица, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Во својот прв коментар од почетокот на протестите на 28 декември, минатата година, Хамнеи ги […]

Меј ја обвини Москва за мешање во британските избори

14 ноември 2017

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј ја обвини Москва дека се мешала во британските парламентарни избори, што се одржаа на почетокот на јуни, оваа година и дека вршела кибер-шпионажа, пренесува „Би-би-си“. Во обраќање пред бизнисмените на собир во Лондон, Меј рекла дека владата на рускиот претседател, Владимир Путин се обидува да ги „поткопа слободните општества“. […]

Хан бара промена на политиката на ЕУ кон Турција

22 август 2017

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан смета дека Европската Унија треба да го промени односот на Унијата кон Труција, која е земја-кандидат за членство во ЕУ, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ги повика Турците кои живеат во Германија да не гласаат за двете владејачки партии на претстојните парламентарни избори. Ердоган минатата […]

Руското МНР иронично му забележа на Столтенберг за изјавата по средбата со Заев

15 јуни 2017

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за новинарите иронично ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во понеделникот оваа недела во Брисел. Захарова се осврна на изјавата на Столтенберг, во која тој рече дека секое мешање однадвор во внатрешните […]

Коми: Нема сомнеж дека Русија се мешала во изборите во САД

8 јуни 2017

Немам сомнежи дека Русија се мешала во претседателските избори во Соединетите Американски Држави, но нема докази дека успеала да ги намести гласовите, изјави поранешниот директор на Федералното биро за истраги (ФБИ), Џејмс Коми на денешното сослушување пред комисијата за разузнавачките служби на американскиот Сенат. „Русија се мешала во нашите избори и тоа го правеле со […]

Новиот шеф на ФБИ најави продолжување на истрагата за руското мешање во изборите

11 мај 2017

Федералното биро за истраги (ФБИ) ќе ја продолжи истрагата околу наводните врски помеѓу Русија и изборниот тим на Доналд Трамп и по разрешувањето на досегашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, изјави денеска неговиот наследник, Ендрју Мекејб, пред комитетот за разузнавање на Сенатот, пренесува „Би-би-си“. Мекејб пред комитетот на Сенатот изјави дека разрешувањето на Коми не […]

Руско МНР: Демонстрантите им се спротивставија на „натрапниците“

28 април 2017

Руското министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост за вчерашните насилства во Собранието, а причината за нив ја лоцираше во „обидот на опозицијата преку грубо кршење на процедурите да избере претседател на Собранието“. Како резултат на тоа, велат од министерството, се случил „метеж во кој беа инволвирани демонстранти кои им се спротивставија на ‘натрапниците’, од […]

ВМРО-ДПМНЕ предложи „патоказ“ за надпартиски договор за решавање на кризата

28 март 2017

Да се постигне надпартиски договор за секое идно решавање на внатрешните разлики само во рамките на институциите, без мешање на странски фактори, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ. Образложувајќи го предлогот, Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на партијата и пратеник, побара внатрешно обединување и одлучно отфрлање на сите обиди за ревизија на Охридскиот рамковен договор. Прес-конференцијата на […]

Зетот на Трамп денеска ќе сведочи пред Конгресот за улогата на Русија во изборите

28 март 2017

Зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе биде сослушан од претставничкиот дом на Конгресот, во рамките на истрагата за евентуална вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, соопшти Белата куќа. Како што јавуваат светските медиуми, за денеска е предвиден нов состанок на Комисијата за безбедност на претставничкиот дом […]

Иванов – Нишани: Потребно е намалување на тензиите и внимателна реторика

16 март 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска имал средба со својот албански колега, Бујар Нишани, во Баку, Азербејџан, на која го повторил ставот дека „начинот на кој се донесе пост-изборната платформа на партиите од албанскиот политички блок и изјавите кои следеа од страна на високи функционери на Република Албанија претставуваат мешање во внатрешните работи на Република […]

Русија: Доста е странско мешање во Македонија

16 март 2017

Русија повикува да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија, рече рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич. – Потребно е да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија и да се почитуваат правата на македонските граѓани самостојно да одлучуваат за својата судбина, во согласност со основите демократски принципи. Ги повикуваме сите […]

Иванов не му го даде мандатот на Заев оти го уривал суверенитетот

1 март 2017

„Нема да го дадам мандатот на човек или партија кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија. Со темелните вредности на државата никој нема право да тргува“, рече претседателот Ѓорге Иванов на денешното обраќање пред јавноста. – Со преговарање за постизборна платформа на туѓа држава, се загрозуваат унитарноста и суверенитетот на државата. […]

Курц: Конечните одлуки треба да ги донесат партиите, а ние нема да се мешаме

12 февруари 2017

Македонските политички партии треба да ги донесат одлуките кои што се носат по избори, а од наша страна нема да има мешање во понатамошниот тек на настаните, изјави шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, кој денеска е во посета на земјава. Тој истакна дека интересот на Австрија е во Македонија и […]

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

27 октомври 2016

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“. Тој ги […]

Страна 1 од 1