fbpx

Коми: Нема сомнеж дека Русија се мешала во изборите во САД

-

Немам сомнежи дека Русија се мешала во претседателските избори во Соединетите Американски Држави, но нема докази дека успеала да ги намести гласовите, изјави поранешниот директор на Федералното биро за истраги (ФБИ), Џејмс Коми на денешното сослушување пред комисијата за разузнавачките служби на американскиот Сенат.

„Русија се мешала во нашите избори и тоа го правеле со цел и на многу софистициран начин и во тоа нема никаков сомнеж“, неколку пати повтори Коми во текот на сослушувањето.

Поранешниот директор на ФБИ рече дека неговите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп биле многу вознемирувачки и дека здравиот разум му говорел дека Трамп барал нешто за возврат за да го задржи на местото директор на ФБИ.

Тој рече дека Трамп не бил под истрага додека тој бил директор на ФБИ, но истакна дека поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател, Мајкл Флин бил во „законска опасност од кривичен прогон“.

На прашање од сенаторот од таборот на демократите, Марк Ворнер околу водењето на белешки од сите средби со Трамп, од првиот до деветиот, Коми рече дека бил загрижен оти тогаш избраниот претседател би можел да лаже.

„Знаев дека би можело да дојде ден кога моите белешки би можеле да бидат важни за да ја заштитам службата и себе“, рече Коми.

Тој истакна дека откако бил отпуштен од ФБИ побарал од негов пријател да ја сподели со медиумите содржината од белешките бидејќи сметал дека нивното објавување ќе доведе до поставување на специјален обвинител за случајот.

Коми истакна оти верува дека е отпуштен поради истрагата за мешањето на Русија во претседателските избори. Тој, исто така, рече дека администрацијата на Трамп го омаловажила него и ФБИ со изјавата дека оваа институција е во хаос.

„Иако, според законот не е нужно да постојат било какви причини за смена на директорот на ФБИ , администрацијата на Трамп се одлучи да ме клевети мене и, што е уште поважно ФБИ, со тврдењата дека оваа организација е во хаос, дека е лошо водена и дека вработените изгубиле доверба во директорот. Тоа беа чисти лаги“, рече Коми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...