fbpx

Манчевски: Кампањата за референдумот ќе чини 1,3 милиони евра

-

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски за „Канал 5“ изјави дека сумата која што министерствата ќе ја префрлат на Собранието за водење на медиумската кампања за референдумот ќе изнесува околу 80 милиони денари (околу 1,3 милиони евра).

Манчевски вели дека Владата смета дека оваа сума е сосема доволна за медиумското претставување на Собранието.

– Владата нема да троши јавни пари за било каква буџетска кампања за потребите на референдумот. Ние само обезбедуваме буџет, пратениците од Собранието да водат кампања согласно нивните убедувања и ставови во однос на референдумското прашање – вели Манчевски.

На денешната координација кај спикерот Талат Џафери беше одлучено сите пратеници да добијат можност јавно да ги изразат пред јавноста своите ставови. Тоа значи дека и тие што се „за“ и тие што се „против“ и тие што се за бојкот на референдумот, ќе добијат средства за медиумско презентирање.

Вкупната сума се дели на сите 120 пратеници, согласно формулата: број на пратеници делено на 120 по 80 милиони денари. Доколку некој нејќе да учествува во кампањата, „неговиот“ дел останува во буџетот. Ако е јасно дека најмалку 70 пратеници поддржуваат одговор „за“ на референдумското прашање, тоа значи дека за нив се предвидени 46,4 милиони денари (750.000 евра).

Другите, пред сè од ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба прво да одлучат дали ќе водат кампања и за таа одлука да го известат Координативното собраниско тело за референдум, предводено од Талат Џафери. Доколку одлучат да водат кампања „против“ референдумското прашање или да агитираат за бојкот, ќе добијат средства во согласност со бројот на пратениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...