fbpx

Мали шанси за нови избори во режија само на ВМРО-ДПМНЕ

-

ВМРО-ДПМНЕ порача дека „зрело решение“ за надминување на кризата се нови предвремени парламентарни избори, иако, исто како за формирање влада, и за распишување нови избори потребно е мнозинство од 61 пратеник.

На прес-конференција Зоран Заев, претседателот на СДСМ, рече дека претседателот Ѓорге Иванов сега треба да му го додели мандатот нему, а ЕУ побара Иванов итно да се консултира со сите партии и да определи лидер што би можел да формира влада.

За да стане можна варијантата што ја пропагира ВМРО-ДПМНЕ, пак, првин во Собранието, кое се конституираше на 30 декември лани, мора со мнозинство да се изгласа негово распуштање. За тоа да се случи, ќе бидат потребни најмалку 61 пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ сега има 10 помалку, односно 51.

Доколку сепак некој обезбеди мнозинство, следниот чекор би бил претседателот на Собранието да потпише акт за распуштање. Бидејќи сега Собранието е без претседател, а првата седница, според член 9 од Деловникот на Собранието, ја свика претседателот на претходниот парламентарен состав, ќе мора да се избере претседател, повторно со мнозинство од вкупниот број пратеници, како што предвидува член 26 од Деловникот.

Предвремените парламентарни избори, според член 15, став 2 од Изборниот законик, ќе треба да се одржат најдоцна 55 дена од денот на распуштање на Собранието.

Доколку тоа се случи, на пример, утре (31 јануари), изборите би морале да се одржат најдоцна на 26 март, со оглед дека тоа е последната недела од рокот од 55 дена.

Но, за да се совпаднат предвремените со локалните избори (варијанта која се слуша подолго време) и кои според законот би требало да се одржат на 7 мај,  Собранието треба да се распушти најрано на 14 март!

Понатаму, доколку бидат распишани избори,  процедурата би била следната:

  • Во рок од три дена од денот на распишувањето на изборите, ДИК доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за доставување податоци за вработените во државната и во општинската администрација;
  • Во рок од пет дена од денот на добиеното барање, МИОА ги доставува податоците за вработените во државната и во општинската администрација до ДИК;
  • Наредниот ден по денот на распишување на изборите, МВР на магнетен медиум (хард диск) ги доставува бараните податоци за граѓаните до ДИК;
  • Најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите, ДИК го става избирачкиот список на јавен увид (15 дена) во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...