fbpx

Заев: Очекувам Иванов да ми го даде мандатот, сè друго би било неуставно

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција изјави дека очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање на нова влада, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во изминатите 20 дена не успеа да состави владина коалиција.

– Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за влада. ВМРО-ДПМНЕ синоќа на полноќ и официјално ја загуби можноста за формирање влада. Македонија нема време за губење, демократските процеси се почнати, така одлучија граѓаните. Очекувам Иванов да ми го додели мандадот за формирање на нова влада. Сите поинакви опции ќе значаат кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата – рече Заев на прес-конференцијата.

Тој нагласи дека е потребно да се формира влада која ќе ја одразува волјата што мнозинството граѓани ја искажале на предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година.

– Потребна е стабилна и одговорна влада, која ќе го подобри животот на граѓаните, ќе води реални политики и ќе ги обезбеди стратешките интереси на Македонија, односно евроатлантските итеграции. Ние сме подготвени и посветени на формирање влада што ќе ги спроведе реформските приоритети, кои произлегуваат од Договорот од Пржино и од извештатите на Прибе и на Европската комисија – изјави лидерот на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањата од платформата на албанските партии, Заев рече дека СДСМ ќе ги соопшти своите ставови и ако му биде доверен мандатот, овие прашања ќе ги отвори на транспарентен начин.

– Реков во еден наврат дека имаме суштински и суштествен став и по платформата на албанските партии, потпишана зад којашто стојат сите, верувам дека и ДПА стои позади ваквата платформа но истовремено и за предусловите на ДУИ. Јас се надевам дека ќе го добиеме мандатот за да веднаш ги соопштиме тие наши ставови, но впрочем тоа и може да го насетите. Ние се залагавме за едно општетство за сите. Нашиот став е граѓанинот во центарот на вниманието на идната Влада. Оттука, целосно сме позитивни од овие аспекти и доколку мандатот биде час поскоро даден во наши раце верувам дека веднаш ќе ги отвориме на траснпарентен и  јасен начин, за да бидат јасни и недвосмислени за сите граѓани на Република Македонија – рече Заев.

Прашан што ќе се случи доколку Иванов не му го додели мандатот за состав на новата влада, лидерот на СДСМ рече дека постојат алтернативни решенија кои не сака да ги коментира, но дека во минатото се покажало дека на секој обид да се направи нешто противуставно, секогаш имало контрареакции, по кои работите се враќаат во нормала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...