fbpx

Македонско-австриски бизнис форум ќе се случува на 7 јуни

-

Македонско-австриски бизнис форум на кој ќе учествуваат девет австриски и домашни компании ќе се одржи на 7 јуни во Стопанската комора на Македонија. Компаниите ќе бидат од текстилната, прехранбената, фармацевтската, металната индустрија.

Целта е да се продлабочи директната соработка со што ќе се развива конкурентноста, ќе се создадат нови производи и ќе се зголеми извозот на македонските компании.

– Овој форум е со цел да се унапреди директната соработка меѓу компаниите на двете држави. Во првите три месеци вкупната трговска размена со Австрија изнесувала 39,86 милиони долари што е за 10 проценти поголем раст во однос на истиот период лани. Извозот пак е во вредност од 11 милиони долари. Австрија е на 16 место како трговски партнер на Македонија – информираше вишиот советник во Стопанска комора, Јадранка Аризанковска.

Таа потенцираше дека целта на овој бизнис-форум најповеќе е да придонесе кон развој на домашната економија отколку да се привлечат странски инвестиции.

Раководителот на Трговското одделение на австриската амбасада во Македонија, Герхард Шлатл додаде дека и покрај политичката ситуација во државата сепак постои интерес австриските компании да соработуваат со македонските и најави влез на две нови на македонскиот пазар.

Австриските компании во државата најмногу се застапени во делот на услужни дејности.

Во заклучокот од третото истражување на бизнис-климата во Македонија, кое неодамна го спроведе трговското одделение при Амбасадата на Австрија во земјава се наведува дека, австриските компании во земјава ја оценуваат  моменталната економска состојба како полоша во споредба со минатата година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...