fbpx

Криминалецот Алмир Дрпљанин екстрадиран од Косово во Македонија

-

Вчера попладне од Косово во Македонија е екстрадиран Алмир Дрпљанин (35) и под силно полициско обезбедување е спроведен во штипскиот затвор на издржување на затворски казни за тешки кривични дела, меѓу кои и за убиството на полицаецот Африм Арифи во 2008 година и за грабежот на 900.000 евра од комби на „Македонски пошти“ во населбата Чаир, соопшти денеска МВР.

Тој беше уапсен летото 2012 година во Косово, со што почна постапката за негова есктрадиција. Дрпљанин беше откриен во Урошевац, а во станот во кој престојувал, косовската полиција пронајде цел арсенал оружје, односно автоматски пушки, пиштоли, снајпер, панцири и униформи. Покрај оружјето, било најдено и големо количество злато, за кое се претпоставува дека е од вооружените грабежи во Скопје и во Тетово.

Според МВР, постојат сериозни индиции дека Алмир Дрпљанин е инволвиран и во други тешки кривични дела извршени на територијата на Македонија, за кои до овој момент не му е поднесена кривична пријава, а со оглед на фактот што голем дел од нив не застаруваат, по неговата екстрадиција, тој ќе биде предмет на дополнителна истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...