fbpx

Контраспин: Петте струмички студенти, петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

-

Барањето за амнестија може да биде поставено, но само откако сите ќе дознаеме што навистина се случи на 27 април 2017 година. А, да се споредуваат тие настани, петте обвинети пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и петте стрелани струмички студенти во 1951 г. е неумесно, невкусно и калкулантски, пишува „Вистиномер.мк“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од говорот на протестниот марш на неговата партија во Струмица даде изјави што ги оценуваме како спин:

Спин: И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш, еднаш засекогаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци, и помалку Македонци и затоа апелирам е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мора да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото. Тоа е она што го бараме. И тоа е она за што ќе се бориме и ќе се залагаме.

Контраспин: Христијан Мицкоски недвосмислено, не по прв пат, побара амнестија за сите инволвирани во настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, но упорно одбива да даде своја или партиска квалификација на тие настани.

Нешто што е најблиску до квалификација на настаните е реченицата на Мицкоски дека луѓето „се воделе од чесна идеја и мисла“, а дека мотив им бил „Република Македонија“. Притоа, тој негира дека има какво било кривично дело, туку обвиненијата и досегашните пресуди ги сведува на политичка хајка:

„Ако кренете главата може да ви случи ова“, тоа е пораката. ВМРО-ДПМНЕ има денес 5 пратеници кои се теретат за нешто што не го направиле, односно за тероризам, а немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние наши браќа и сестри кои сега се по затворите, и кои се дел од оваа конструирана политичка хајка, насочена против секој слободномислечки Македонец. Јас ги живеам нивните судбини. И не заборавајте дека, сепак, има невини луѓе по затвортите, затоа што се воделе од чесна идеја и мисла и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи амнестија за настаните од 27 април 2017 година, практично спинува дека станува збор за „чесна идеја и мисла и единствен мотив им била нивната таковина Република Македонија“.

Спинот е очигледен, бидејќи никој кој се води од чесна идеја и мисла, нема да ја доведе Република Македонија пред работ на граѓанска војна, пред работ на воведување на вонредна состојба, пред работ на неизвесност и грч на своето население, а особено нема да дозволи загрозување на невини животи на пратеници, граѓани, новинари, службени лица вработени во Собранието…

Целата статија прочитајте ја на „Вистиномер.мк“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...