fbpx

Китани: Македонското малцинство во албанските институции е малку застапено

-

Македонци можеме да сретнеме речиси во сите државни институции во Албанија, но, за жал, не како преставници од партија на Македонците, туку како преставници на поголемите албански политички патрии. Затоа и преставниците на македонското малцинство во државните институци, за жал, можат да се избројат на прсти.

Ова, во интервју за електронскиот весник на македонски јазик „Илинден“, го вели Нико Китани, преставник на македонското малцинство во Државниот комитет на малцинства во Албанија.

– Од 1991 година, кога Албанија стана демокраска држава, па сè до денес, очекувавме дека и Македонците од Голо Брдо, Гора како и во градовите низ Албанија, каде што живеат Македонци, ќе бидаат признаени и ќе им биде овозможена настава на македонски јазик, во согласност со меѓународните конвенции. За жал, македонско малцинство од страна на албанската држава е признаено само во областа на Преспа, која остана единствената македонска општина во согласност со најновата територијалната поделба на Албанија. Освен во областа Преспа, се признава и во село Врбник, во областа Девол – додава Китани.

Како посебен проблем со кој се соочува македонското малцинство, Китани го наведува недостигот од изучување на мајчиниот јазик во Голо Брдо и во Гора. Македонскиот јазик се изучува еднинствено во училиштата во целата област на општината Пустец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...