fbpx

Иванов одржа срамен партиско-политички говор, велат од СДСМ и Владата

-

Годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во парламентот, според СДСМ е „срамен и партиско-политички говор, со што Иванов уште еднаш докажа дека ниту бил ниту ќе биде претседател на сите граѓани“. Владејачката партија вели дека покрај тоа, претседателот Иванов покажал дека „не може да излезе од политиките на раздор и поделби“. СДСМ вели дека е чудно што Иванов денеска навел теми за кои една деценија молчел.

„Ѓорге Иванов цели десет години молчеше и ниту еднаш не најде за потребно да реагира против масовната партизација на јавната администрација и општеството, за полициско-судско-политички монтирани процеси против тогашната опозиција и неистомислениците на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста со години беше лишена од ставовите и мислењата на Иванов околу загадувањето на воздухот, грабежот на јавното добро, политичките пресметки и реваншизам, угнетувањето на медиумите и затворањето новинари, нападот врз демократијата на 24 декември 2012 година, за насилствата во Собранието на 27 април, изборните неправилности и останатите проблеми кои се провлекуваа со години“, се вели во реакцијата од СДСМ.

Со реакција на говорот на претседателот на Република Македонија во Собранието се огласи и Владата, која порача дека „претседателот Иванов останува заробен во делбите во време кога Македонија е свртена кон обезбедување благосостојба на своите граѓани“.

„Наместо да настапи државнички, денеска Ѓорѓе Иванов кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни делби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите за градење на едно, единствено и заедничко општество. Наместо општество на заедништво и на обединување во еден историски и клучен момент за Република Македонија, нејзиниот претседател се обиде да го доведе во прашање дигнитетот на институциите на системот со тоа што владеењето на правото и принципот на одговорност на сите без исклучок, пред правдата, го изедначи со реваншизам“, порача Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...