fbpx

Интернетот расте, а со него и цензурата, малтретирањето и лажните вести

-

Голем дел од луѓето стануваат сè посвесни за вистинското влијание на интернет врз нашите општества, економии и личната благосостојба, односно ги отвораат очите за фактот дека „колку е здрав интернетот“ не  е само техничко прашање, туку и „човечко“, се вели во извештајот „Здравствената состојба на интернетот 2018“ подготвен од Фондацијата „Мозила“.

Според подготвувачите, не е лесно да се даде кус одговор на прашањето во каква состојба е интернет и неговите корисници, но сепак посочува дека работите се подобруваат во три категории: пристап, достапност, енкрипција.

Наспроти тоа, приликите се влошуваат во поглед на цензурата, онлајн-малтретирањето и користењето на електрична енергија.

Извештајот „Здравјето на интернет 2018“ е групиран во пет категории: приватност и сигурност, отвореност, дигитална вклученост, веб-писменост и децентрализација. Според авторите, во текот на минатата година, најголемите причини за загриженост на „здравјето“ на интернет се сигурноста на интернетот на нештата, лажните вести и преголемите ИТ играчи.

Во делот за лажните вести како пример преку кој се илустрира овој феномен е искуството на дел од тимот на македонската Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, која од 2012 година со помош на УСАИД го има основано Сервисот за проверка на факти од медиумите.

За лажните вести, инаку, покрај „дежурните“ теми за Русија и изборите во САД во 2016 година, се одбележува дека дезинформирањето на социјалните медиуми станува тема што го загрижува целиот свет.

Истовремено се предвидува дека до 2020 година, дури 30 милијарди различни уреди ќе бидат онлајн, што може да бидат злоупотребени од злонамерни луѓе или фирми. Надминување на опасноста ќе значи поправање на лошиот софтвер, хардвер и практики на користење.

Како прва во „нездравите“ области е наведена категоријата на отвореноста и податоците, односно блокирањето на пристапот до социјалните медиуми и апликациите за комуникација, за огромен дел од светската популација. Тоа е случај во Кина, Русија, Индија, Турција, Иран, Украина, Египет, Бразил и Судан.

Во поглед на дигиталната вклученост, се вели дека иако медиумските компании стануваат посвесни за онлајн-малтретирањето, ситуацијата станува критична. Притоа, многу крупни играчи почнуваат да ја користат вештачката интелигенција, но таа, како што се наведува во извештајот, некогаш по грешка го блокира слободниот говор.

Во листата на негативности е вклучено и сè поголемото користење електрична енергија поврзано со интернет-активностите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...