This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Sep 26 7:25:27 2018 / +0000 GMT

Грабар-Китаровиќ: Договорот за името е многу добар




Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми пред Самитот на НАТО изјави дека Договорот на Македонија и Грција е исклучително добар, бидејќи се зачувуваат зборовите Македонци и македонски. Хрватската претседателка се надева дека Договорот ќе биде потврден од македонските граѓани на референдумот.

– За нас е посебно важно да се стабилизира југоистокот на Европа, драго ми е што ќе се упатат позитивни пораки за Македонија, која постигна договор со Грција. Верувам и се надевам дека ќе биде потврден на референдум, кој е историски. Ги разбирам чувствата на некои Македонци. Меѓутоа сметам дека овој Договор е исклучително добар, бидејќи освен што со името Северна Македонија, грчкиот дел станува Јужна, сепак се споменува „Македонци“ и сè друго. Мислам дека е тоа добар компромис и се надевам дека сите ние во НАТО ќе и помогнеме на Македонија да го заврши процесот, но пристапувањето може да се очекува дури за година, година и половина - рече Колинда Грабар - Китаровиќ.
Post date: 2018-07-11 15:03:24
Post date GMT: 2018-07-11 13:03:24
Post modified date: 2018-07-12 10:21:32
Post modified date GMT: 2018-07-12 08:21:32
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com