fbpx

Германија очекува 1,5 милион баратели на азил, двојно повеќе од досегашните процени

-

Бројот на бегалци што бараат азил во Германија до крајот на годината ќе изнесува 1,5 милион лица, што е речиси двојно повеќе од досегашните процени, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информациите објавени од германскиот дневен весник „Билд“.

Од германската влада засега нема коментар во врска со новите процени, кои се дел од официјален интерен извештај, цитиран од „Билд“.

Во извештајот, меѓу другото, било навeдено дека службите што им помагаат на бегалците нема да бидат во состојба да се справат со толкав број луѓе.

Процените на германската влада претходно беа дека бројот на баратели на азил до крајот на годината ќе изнесува 800.000 луѓе до, максимум, еден милион.

Најголем дел од бегалците што доаѓаат во Германија се од Сирија, Ирак и од Авганистан , но, како што се наведува, има и голем број економски мигранти од балканските земји, Азија и од Африка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...