fbpx

Гарет: И обвинети лица може да се кандидираат во некои земји

-

Во некои демократии е возможно луѓе кои се предмет на истрага да се кандидираат на избори, вели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, кој присуствуваше на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“.

– Различни земји имаат различни практики во однос на кандидирањето на личности што се обвинети за криминал. Во некои демократии е апсолутно возможно луѓе кои се предмет на истрага или кои се соочени со судење да се кандидираат на избори. Во други земји, тоа е невозможно. Тоа треба да го одлучат самите земји – вели Гарет.

Британскиот амбасадор за говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на конференцијата на Унијата на жени, кој ги критикуваше амбасадорите кои „твитале“, рече дека понекогаш амбасадорите праќаат тешки пораки.

– Велика Британија е голем поддржувач на Македонија. Таква поддршка ние можеме и ја даваме, а истовремено критичките осврти и пораките што ги испраќаме мислиме дека се неопходни за да дадеме поттик за тоа на каде треба да се движат работите. Тоа значи дека понекогаш праќаме тешки пораки – рече Гарет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...