fbpx

ЕУ ја засилува борбата против перењето пари

-

Европската Унија постигнала договор за новите правила чија цел е искоренување на даночната евазија и спречување на перење пари и финансирање тероризам преку фиктивни фирми, пренесуваат медиумите.

ЕУ со новите правила сака да го спречи искористувањето на фиктивните фирми за финансирање на тероризам, перење пари заработени со криминал и за даночната евазија.

Директивата, четврта по ред, првпат предвидува задолжително воспоставување национални регистри за вистинските сопственици на фирми, трустови и други правни лица, со нивните имиња, месецот и година на раѓање, националност и со државјанство.

Банките, сметководителите, адвокати, трговци со недвижности и казина исто така ќе мораат да внимаваат на трансакциите на своите клиенти.

Слободен пристап до регистрите ќе имаат надлежните национални власти од сите земји-членки на Унијата, додека делумен пристап е предвиден за банките, за да можат да проверуверуваат кои им се клиенти, како и сите други заинтересирани страни, вклучувајќи ги и новинарите, ако ја докажат легитимноста на барањето за увид во регистарот.

Новите мерки треба да стапат на сила во 2017 година, а договорот, кој наредната година треба да добие и формална потврда, оди чекор подалеку од начелата за вистинските сопственици на фирми кои беа прифатени од земјите на Г20.

„Транспаренси интернешенел“ го оценил одговорт на ЕУ како пресвртница, но од организацијата предупредиле дека тоа нема да овозможи целосна транспаретност бидејќи на новинарите и на јавноста им се дозволува само делумен пристап до регистрите.

Деталите за трустовите воопшто нема да бидат јавни, истакнале од „Транспаренси“, и покрај тоа што ќе бидат достапни на националните власти, како што се агенциите за борба против криминалот. Оттаму сметаат дека сите земји-членки на Унијата треба да го следат примерот на Велика Британија, Франција, Данска и на Холандија кои планираат на јавноста да и овозможат целосен пристап до податоците за вистинските сопственици на фирми.

Во светот секоја година се перат пари во вредност од 2 до 5 отсто од светскиот БДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...