Заменик министерот за финансии, Ширет Елези учествува на конференцијата организирана од Светска банка на тема „Развивање на потенцијалот за економски раст – преку подобрување на родовата еднаквост“, која се одржува во Виена.
Елези истакна дека родовата еднаквост и учеството на жените на пазарот на капитал имаат придонес кон зголемување на економскиот раст. Таа посочи дека жените на пазарот на труд се соочуваат со пречки, и тоа повеќе жените во руралните во однос на жените во урбаните средини.
„Преку Фискалната стратегија 2019-2020 и новиот закон за буџети, особено внимание ќе се посвети на родово одговорно буџетирање. Веќе во 2018 година има напредок, преку планирање со родова буџетска анализа во линиските министерства, и одредување индикатори за следење на родови програми“, додаде Елези.
Конференција на Светска банка има за цел зголемување и зајакнување на родовата еднаквост на регионално и меѓународно ниво, како и за подобрување на мониторингот на обврските преземени за родова еднаквост.