fbpx

ЕЛЕМ и ВМРО-ДПМНЕ: Сè е чисто во тендерот за ископ на јаглен за РЕК „Битола“

-

ЕЛЕМ и ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираа на денешната прес-конференција на Васко Ковачевски од СДСМ, велејќи дека новиот тендер за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е според прописите и законите.

Ковачевски обвини дека тендерот со фирмата „Марковски компани“  е склучен без претходно да биде објавен оглас.

„АД Електрани на Македонија најодговорно тврди дека сите постапки кои се спроведени се транспарентни и во согласност со законите. Во конкретниот случај, тендерската постапка за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е спроведена по итна постапка откако за тоа е добиено одобрение од Советот за Јавни Набавки, што јасно говори дека се почитувани сите законски регулативи“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ.

Компанијата порачува дека на јавен увид ќе ја стави целата документација поврзана со постапката за избор на најповолен понудувач и очекува јавно извинување од Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ пак обвини дека нема да успее обидот на Ковачевски „со пласирање клевети да ги прикрие криминалите на Зоран Заев и злосторничкото здружение околу него“.

„Ниту Сашо Мијалков, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат каква било поврзаност со договорот на РЕК Битола или со фирмата која што го добила тендерот. Со пласирање на ваквите лаги Васко Ковачевски нема да му помогне на Зоран Заев да го протурка на мала врата распродавањето на највисоките државни и национални интереси. Криминалецот Заев е прочитан. Криминалецот Заев е минато. Народот му застана на пат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...