fbpx

Една недела изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Велес, СДСМ во Кавадарци, ДПА во Велешта

-

Политичките партии веќе една недела се во изборна кампања, а денеска е осмиот ден на митинзи и на средби со граѓани каде ги претставуваат програмите за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија вечерва ќе имаат митинг во Велес, со почеток од 19 часот.

СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија ќе одржат митинг во Неготино во 17.30 часот, па во Кавадарци во 19 часот.

Коалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓани во Центар и со стопанствениците во Трговскиот центар и на Бит-пазар. Носителите на кандидатските листи за пратеници во првата и втората изборна единица, Павле Трајанов и Јове Кекеновски, ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство во Скопје, во 13 часот.

Коалицијата ВМРО за Македонија ќе има средби со граѓани во Ѓорче Петров, каде во 13.45 изјава за медиуми ќе дадат Љубе Бошкоски, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов.

Демократската партија на Албанците денеска е предвидено да одржи митинг во Велешта во 20 часот.

Претставници на Алијансата за Албанците во 11.30 часот ќе ја посетат Стопанската комора на Северозападна Македонија, која ќе им ја претстави својата економска платформа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...