fbpx

Договорени изборните закони, утре ќе се гласаат во Собрание

-

По 15 часа преговори, работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за изборните закони, дознава „Мета“.

Договорени се изборот и начинот на гласање во ДИК, гласањето на дијаспората и прочистување на избирачкиот список.

Членовите на ДИК ќе се избираат по формулата „три плус три плус три“, што значи по тројца претставници од власта и од опозицијата и тројца експерти што ќе се изберат во Собранието. Одлуките ќе се носат со апсолутно мнозинство.

Дијаспората ќе гласа во една изборна единица, со пропорционален модел, а ќе се избираат тројца пратеници.

Избирачкиот список ќе се прочистува комбинирано, односно теренски и со вкрстување на податоците од институциите.

Се очекува утре законот да влезе во собраниска процедура.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...