fbpx

Димитриев му одговори на Спасовски: Што не Ви е јасно, одлуката на Владата е законска

-

„Реагирате пет дена откако Владата ги донесе цитираните одлуки. Пет дена потоа. Реакција пет дена потоа докажува и колку сте посветен или непосветен на работата и станува јасно дека единствена цел на Вашата реакција е обид за правење реклама, но и ми покажува дека и Вие сте свесни дека Владата има донесено кристално чиста законска одлука“, се вели во одговорот на премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, на отвореното писмо испратено од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Што не Ви е јасно, господине Спасовски? Јасно е како бел ден. Во согласност со членот 30, став 2, Владата има право и должност да укине или да поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и на управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата“, вели Димитриев во писмото.

Премиерот Димитриев во писмото му вели на Спасовски дека наместо да ја гради и да ја унапредува довербата во изборниот процес, тој со незаконските акти ја уназадува таа доверба.

„Ако Вие велите дека тие немаат врска со изборите, тогаш имате проблем со логика и со рационалност и тука јас не можам да Ви помогнам. Дали законот пропишува дека на овие акти кои Владата Ви ги поништи треба да има потпис од дополнителниот заменик-министер Чавков? Пропишува. Дали на Вашите акти што Владата Ви ги поништи има потпис од Чавков? Нема. Како се вика акт кој е донесен спротивно на закон, какви што се овие акти кои Владата Ви ги поништи? Се вика незаконски акт. Дали Владата има право да Ви ги поништи овие незаконски акти? Има!“, се вели во писмото.

Димитриев во писмото вели дека ниту тој, ниту кој било од партијата ВМРО-ДПМНЕ не му спори на Спасовски дека е министер, но дека тие почитувале закони.

„Ние Ви спориме сега и ќе Ви спориме секогаш кога носите незаконски акти какви што се актите кои Владата Ви ги поништи. Не сте Вие предмет на атак како што сакате да се претставите во обидот да глумите жртва. Вие сакате да сте во центарот на вниманието, да бидете главниот или главните ликови, да терате самоволие до бескрај, да ги уривате темелите на правниот систем, да се заканувате, да навредувате, да рекетирате и да не почитувате закон. Е, тоа јас нема да Ви го дозволам. Ќе дејствувам секогаш како што законот пропишува, законот е јасен, а одлуката на Владата е законска“, истакнува Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...