fbpx

ДИК: Излезноста во Теарце до 13 часот е 35 отсто

-

Државната изборна комисија информира дека на избирачкото место број 2011 во Теарце, од запишани 714 избирачи, до 13 часот на гласање излегле 252 гласачи, или 35,29 отсто од вкупно запишаните избирачи.

Следниот податок за излезност на гласачите ДИК ќе го соопшти околу 17 часот. Првичните неофицијални резултати од ова гласање ДИК ќе ги соопшти вечерва околу 21.30 часот.

Гласањето во Теарце беше прекинато неколку минути пред 9 часот бидејќи не работела УВ-ламбата со која се проверува дали гласачот претходно гласал на друго место.

Избирачкиот одбор констатираше дека треба да се прекине гласањето на еден час, но по 15 минути гласањето продолжи нормално откако УВ-ламбата проработела.

– Гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера. Во 8.30 часот имавме мал проблем со УВ-ламбите. Гласањето беше 15 минути во прекин, поради тоа што ламбите беа во дефект. Ја известивме ДИК и оттаму донесоа други УВ-ламби. Излезноста во утринските часови е поголема за разлика од гласањето пред две недели на 11 декември – рече заменик-претседателката на избирачко место 2011, Татјана Чуприна.

На избирачкиот список во ова гласачко место има запишано 714 лица, а на изборите на 11 декември гласаа 404 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...