fbpx

Денеска умерено облачно, со дневна температура од минус 3 до 6 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во одделни котлини претпладне ќе има појава на магла.

Утринската температура се движи од минус 14 до минус 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од минус 3 до 6 степени.

Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и студено, со магла во утринските и во претпладневните часови. Дневната температура во главниот град ќе достигне до минус 2 Целзиусови степени.

За време на викендот и во понеделник времето во земјава ќе биде стабилно со ниска утринска температура, која на повеќе места ќе се спушти под минус 10 Целзиусови степени. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...