This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Dec 16 16:38:42 2017 / +0000 GMT

Чавушоглу: Турција е против санкциите кон Русија




Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара и понатаму е против санкциите кон Русија, затоа што тие можат негативно да влијаат на турската економија.

- Во минатото, Турција претрпи штета како резултат на тие санкции. Санкциите против земјите со кои се граничиме и со кои сме партнери ѝ нанесуваат штета на нашата економија. Тоа е причина поради која не се приклучивме кон санкциите против Русија – изјави Чавушоглу.

Тој истакна дека Турција бара решение како проблемот да се реши преку дијалог, за економијата да не биде погодена.
Post date: 2017-08-11 16:27:08
Post date GMT: 2017-08-11 14:27:08
Post modified date: 2017-08-11 16:27:08
Post modified date GMT: 2017-08-11 14:27:08
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com