fbpx

Битолската „бомба“ удри по лустрацијата, уцените и по гласањето

-

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски, денеска одржа прес-конференција на која објави прислушувани разговори за градот. На почетокот пушти веќе објавен разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, во кој тие коментираат за градоначалникот Владимир Талески. Тие разговараат за склучен договор со фирмата „Транскоп“, кој, според Ставрески, е „коруптивен до даска“. Тој вели дека договорените цени се повисоки 10 пати отколку актуелните што важат меѓу приватните превозници и нивните договори.

Во разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Зоран Илиоски се слша како тие зборуваат за нискиот рејтинг на градоначалникот.

Илисоки вели дека тоа е „страшна работа“. Тој му кажува дека пред два месеци имал 48 отсто, а сега паднал на 35 проценти.

Јанакиески го прашува „што правел Владо овие два месеци“.

Владимир Талески и Влатко Мијалков разговараат за тоа да се тргнат на страна луѓе од спротивниот табор. Талески му кажува дека „Кире Катангата користи гужва“, а зборуваат и за Ефто, кој е водач на навивачката група „чкембари“. Талески му вели дека тој „од Влатко Чинго зема 3.500.000, од Циле зема пари, во Битола ги уценува советниците да му дадат општински пари, а се жали дека ракометарите немаат плата“. Талески му вели дека ги трпат премногу, а многу прават врева.

На друга снимка, Миле Јанакиески и Владимир Талески зборуваат за фирмата „Марди“ која, наводно, правела проблеми во Радовиш. Талески му кажува дека има проблеми со сопственикот затоа што тој ги уценувал за кружниот тек. Му кажува дека морале да навлезат на земјиште од „Јавор“, а тој го купил „Јавор“. Талески му објаснува дека подоцна се тужеле и изгубил на суд.

Во разговор помеѓу Влатко Чингоски и Силјан Мицевски, се договараат за некои луѓе кои работат кај него и не се сигурни за гласање. Силјан му вели „ако треба, и ќе ги избрка од работа“.

Влатко Чингоски и Мартин Протоѓер разговараат за вработување на 12 луѓе, од кои девет Чингоски ги одбрал, но не биле „по препорака од партијата“. Чинговски му вели дека тие се на многу клучни места и додава дека двајца треба да работат за нуклеарна програма. Мартин му објаснува дека „Гордана сега ќе му прати едно списоче“.

Во разговорот помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски за лустрацијата, Груевски ја прашува дали поминал „заклучокот на Томе Аџиев“. Јанкулоска му кажува дека „ќе го поминат“ на следната седница. И следниот разговор, помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев е за лустрација за некое лице, а соговорниците се договараат како да ги средат документите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...