fbpx

Перо Антиќ уапсен во Њујорк

-

Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша, биле уапсени во њујоршкиот клуб „Оук“, пренесува „Вест“.
Антиќ бил приведен поради попречување во работата на полицијата откако претходно биле нападнати играчот на Индијана, Крис Копланд, и неговата сопруга, и тоа непосредно пред затворањето на клубот. Копланд бил избоден со нож, а, исто така, и неговата сопруга Катрин Салтара.

При обезбедувањето на местото на злосторот од полицијата, Антиќ и Сефолоша наводно се вмешале и биле уапсени, бидејќи тоа е противзаконски во САД.

Антиќ само што пристигнал во Њујорк откако во вторникот настапи за Атланта во триумфот над Феникс.

Полицијата го уапсила лицето што ги избоде Копланд и неговата сопруга. Станува збор за 22-годишниот Шизој Блири. Тој избодел уште една жена, и тоа 53-годишната Катрин Сомани. Таа му е пријателка на Блири и во целата ситуација случајно била избодена.

– Таа беше со него вечерта и во целиот метеж, тој некако ја избоде во стомакот – кажа еден од присутните во клубот.

Копланд пристигнал во Њујорк бидејќи Индијана синоќа требаше да се сретна со Никс. По инцидентот, тој и Катрин веднаш биле однесени во најблиската болница и моментално се надвор од животна опасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...