fbpx

Бензините и дизелот поевтинуваат за еден и пол денар

-

Бензинот и дизелот ќе поевтинат за еден и пол денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ се намалува за 1 денар и ќе изнесува 62,5 денари.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се точи по 60,5 денари за еден литар.

Дизелот поевтинува за 1,5 денар и од полноќ неговата цена ќе изнесува 51 денар за еден литар.

Цената за екстралесното масло за домаќинство, која, исто така, е намалена за 1,5 денар, ќе изнесува 40 денари за еден литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...