fbpx

Автомобилот што уби жена и повреди 23 лица на Тајмс сквер го возел 26-годишен војник

-

Една жена загина, а 23 лица се повредени во денешниот крвав инцидент на Тајмс сквер, во срцето на Њујорк, кога автомобил „хонда акорд“ косеше пешаци на тротоар во време на паузата за ручек. Со автомобилот управувал Ричард Роџас, 26-годишен припадник на вооружените сили на САД и државјанин на САД, кој е во притвор.

– Нема знаци дека станува збор за терористички напад – рече градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.

Загинатата е 18-годишна девојка, а нејзината 13-годишна сестра е една од повредените. Црвената „хонда“ застанала откако удрила во столпче на аголот на 45. улица и Бродвеј и стои навалена.

Овој инцидент морничаво потсетува на трагичните теористички напади напади кога возила удираа минувачи во Ница, Берлин и во Лондон.

Инцидентот на Тајмс сквер го истражува и ФБИ, иако засега нема потврда за поврзаност со тероризам.

Њујоршката полиција соопшти дека Роџас е жител на Бронкс, кој и претходно бил апсен поради возење под влијание на одредени супстанци, што вообичаено подразбира алкохол или дроги.

Очевидците раскажуваат дека автомобилот се движел со голема брзина во спротивната лента, а потоа удирал во пешаците и застанал по ударот во столпчето, по што од хаубата почнал да избива оган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...