fbpx

„Авалон“ ќе го тужи Град Скопје ако ја откаже прославата за Нова година

-

Продукцијата „Авалон“ ќе го тужи Градот Скопје ако се откаже од дочек на Нова година и ќе бара целосно да бидат исплатени сите трошоци.

Ова го напиша првиот човек на „Авалон продукција“, Бобан Милошески, на својот профил на „Фејсбук“, како реакција на најавата на Град Скопје дека ќе се откаже од дочекот на Нова година на плоштадот и парите ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

Меѓу пејачите што требаше да настапат за новогодишната ноќ на плоштадот беше и Каролина Гочева, која е ексклузивец на „Авалон“.

– Ако Град Скопје се откаже од дочек на Нова година, (а тоа може да го направи затоа што оваа година не плаќа 100.000 евра за некоја Северина и 50.000 евра за продукција од странство) и со тоа ги оштети македонските артисти и продукцијата од Македонија, „Авалон“ ќе го тужи Град Скопје и ќе бара целосно да бидат исплатени сите трошоци. Исто од хуманитарни причини, „Авалон“ ќе поведе иницијатива градоначалникот и вработените во Град Скопје своите шест месечни плати да ги донираат на сиромашните – пишува Милошески на својот статус на „Фејсбук“.

Тој додава дека Нова година на пејачите во Македонија им значи исто како на секој што работи за плата.

„Пејачите за Нова година заработуваат за живот и ним тој термин им значи како на некој вработен шест плати. И до кога со патриотизам на штета на Македонецот. Да беше некој Оливер Драгојевиќ како лани, ќе беше платен 100.000 евра и досега ќе беше исплатен, но бидејќи е Миле Кузмановски наш, немаме гајле и ќе глумиме хумани“, се вели во стстусот.

Во телефонски разговор Ивана Нолчева, портпаролката на „Авалон“, ни рече дека статусот на Милошески не претставува официјален став на продукцијата и побара да упатиме прашање по електронска пошта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...