fbpx

Анѓушев – Жбогар: Новиот закон за енергетика ќе биде донесен до крајот на годинава

-

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска имал средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која на шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава му ја презентирал економската програма на Владата.

Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата нагласил дека Владата ќе работи на создавање добра бизнис-клима и на овозможување исти услови за инвеститорите.

„Владата ќе работи на реализација на капитални проекти, важни за подигнување на конкурентноста на компаниите во земјата. Ќе ја стимулираме соработката помеѓу домашните и странските компании и ќе воведеме нов концепт за привлекување инвестиции, што ќе биде транспарентен и со исти услови и за странските и за домашните инвеститори“, рекол Анѓушев, стои во соопштението.

Тој додал дека реформите во енергетскиот сектор ќе бидат во фокусот на Владата и дека до крајот на 2017 година ќе биде донесен новиот закон за енергетика, во согласност со договорот со Енергетска заедница и со препораките на Европската комисија.

„Во новиот закон за енергетика ќе ги имплементираме третиот енергетски пакет на Европската Унија и мерките препорачани од Енергетската заедница. Ќе работиме на искористување на сите постојни капацитети за производство на енергија во земјата, но ќе поддржуваме и изградба на нови капацитети, особено од обновливи извори на енергија“, нагласил вицепремиерот за економски прашања.

Жбогар на средбата порачал дека ако се исполнат поставените цели, македонската економија ќе забележи пораст со посилно темпо, што е во интерес и на земјата, но и на регионот и на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...