fbpx

Ангелов: Не помислувајте да го апсите Заев, ќе падне крв

-

Генералот Стојанче Ангелов и денеска со група граѓани протестираше пред Македонската радио-телевизија бидејќи јавниот сервис одбива да ги објави аудиоснимките од прислушуваните разговори што ги објавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Ангелов рече дека бара техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот да одлучи кому ќе му ја даде власта. Тој рече дека биле подготвувани меѓуетнички тензии за кои сакале да ги обвинат него и Заев.

– Никој во државава нема да направи монструозен план. Добив информација дека се дадени два милиони евра на албански криминалци, кои не се од УЧК, за да извршат убиства и да направат тензии. Да се направи злостор, а потоа да се обвинат Заев и Ангелов. Затоа се појави монструозното соопштение потпишано од господинот „Нетпрес“ дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Всушност, некој друг подготвувал такво сценарио, а наредните денови требаше да има ескалација. Нивната намера е да го уапсат Заев, но немаат храброст да го направат тоа. Можеби Заев грешел во минатото, можеби имаме различни ставови и сфаќања, но тој покажа голема храброст, објавувајќи ги политичките бомби – рече Ангелов на протестот.

Тој на власта ѝ порача ни случајно да не помисли да го уапси Заев, затоа што, како што рече Ангелов, ќе падне крв.

На протестот пред МРТВ настапија и актерките Ана Костовска и Ирена Ристиќ, како „Белизе бенд“, и ја изведоа песната „Долга рака“.

Насобраните граѓани потоа се упатија кон Јавното обвинителство, каде побараа оставка од јавниот обвинител, а нов собир беше најавен по Велигден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...