fbpx

Амбасада на САД: Следен чекор е итно повлекување на аболицијата

-

Одлуката на Уставниот суд отвора пат за свикување на Собранието за да се откажат изборите на 5 јуни, соопшти денеска Американската амбасада во Скопје

„Ова пак, претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на Договорот од Пржино и неговите начела, односно владеење на правото, одговорност, инклузивност и веродостојни избори. Оваа рамка и понатаму претставува најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза“, стои во реакцијата.

Од Амбасадата апелираат дека е неопходно веднаш да се поништи аболицијата на политичарите и нивните соработници.

„Поништувањето на помилувањата од 12 април треба да се направи итно и на начин на кој ќе се зачува начелото на одговорност, ќе се избегне селективна примена на правдата и ќе се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот. Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Непреченото работење на СЈО е клучно за да се утврди одговорноста за можни злоупотреби поврзани со прислушувањата и за надминување на сегашната криза“, велат од Амбасадата на САД во земјава.

Во реакцијата се наведува дека претстојат тешки реформи и оти процесот на реформи мора да биде инклузивен и да ги вклучи перспективите на опозициските партии и граѓанското општество.

„Ваквата инклузивност е клучна за воведување и воспоставување на системот на проверки и рамнотежа, систем што е одлучувачки во демократијата. Соединетите Држави нема да поддржат пристапи што не ги почитуваат овие принципи. Ветувања за реформи или искази за намера нема да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат. Делата ќе го сторат тоа“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...