fbpx

Активисти на „Шарена револуција“ приведени, па ослободени по вечерашниот протест

-

Полицијата ги ослободи активистите на „Шарена револуција“, Симона Спировска и Павле Богоевски, кои вечерва беа приведени по протестот.

Спировска била уапсена во близина на Aмбасадата на Шпанија, додека Богоевски пред полициската станица Беко. Спировска, по излегувањето од станицата, соопшти дека заработиле прекршочна пријава поради неносење документи за лична идентификација, како и поради бојадисувањето на Министерството за правда. Богоевски, пак, добил прекршочна за нарушување на јавната чистота.

Активистите соопштија дека ова нема да ги заплаши и оти ќе продолжат да протестираат.

Ова е второ приведување и казнување за Богоевски. Тој пред десетина дена беше приведен при обид да постави транспарент на Камениот мост, додека во Музејот на ВМРО се одржуваше прославата на 25. роденден на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...