сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Павле Богоевски | 36 резултати

Собранието е институција која е најмалку вклучена во борбата против корупцијата

декември 13, 2018

Собранието како орган досега најмалку беше вклучено во борбата против корупцијата, смета Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел -Македонија“ и прва претседателка на Антикорупциската комисија. Со слична констатација е и пратеникот Павле Богоевски, кој вели дека иако законодавниот дом има надлежности врз законите и врз изборот на членови на Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), […]

Богоевски ја лаже и манипулира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

август 7, 2018

Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на пратеникот од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата. „Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во […]

Богоевски: За прв пат имаме шанса сами да одлучуваме за иднината

август 7, 2018

Пратеникот од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата, Павле Богоевски денеска ги повика граѓаните „заедно, храбро и посветено, да учествуваме во обезбедувањето на иднината на нашата држава.“ „За прв пат, имаме шанса, навистина сами да одлучуваме за сопствената иднината. Со прифаќање на Преспанскиот договор ние ги прифаќаме и неговите придобивки. Со овој Договор, македонскиот […]

Богоевски: Нема повреда на Деловникот на која укажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

март 14, 2018

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски рече дека комисијата може да заседава ако тоа го побара претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој објасни дека најпрво треба да има повреда на Деловникот, односно да не се разгледуваат амандманите, па потоа Комисијата да го каже нејзиниот став. „Немаме наводна поврeда на Деловникот, на која […]

Савески: Ќе има ли еден аршин за Богоевски, друг аршин за обвинетите од Левицa

јануари 18, 2018

Познатиот активист д-р Здравко Савески ја поздрави одлуката на Обвинителството да не го гони Павле Богоевски, но порача дека треба да се има еднаков пристап и кон членовите на Левица, кои се исто така обвинети поради активностите во Шарената револуција. Во пост на неговиот Фејсбук-профил рече дека ако членовите на Левица, чиј основач е тој, […]

Обвинителството се откажало од гонење на Богоевски за фрлање боја

јануари 17, 2018

Oбвинителството се откажало од кривичен прогон на пратеникот Павле Богоевски за фрлање боја врз објектот на Министерство за култура во текот на протестите од Шарената револуција, објави на „Фејсбук“ адвокатското друштво „Давидовиќ и Јанковиќ“. На денешното судско рочиште, како што напишаа тие, се утврдило дека никој нема право без одобрение на Заводот за заштита на […]

Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

ноември 29, 2017

Седница на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, потврди претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Одлуката е објавена и на веб-страницата на Собранието. […]

Судот досега нема побарано одземање на имунитетот на приведените пратеници

ноември 28, 2017

До овој момент во Собранието нема пристигнато барање од Кривичниот суд за одземање на пратеничкиот имунитет на пратениците што се приведени утрово за насилствата во законодавниот дом од 27 април оваа година, изјави за „Мета“, пратеникот Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. – За да заседава и да одлучува Комисијата, […]

Полупразна сала, реплики и контрареплики на продолжението на расправата за Зврлевски

август 11, 2017

Осмото продолжение на собраниската расправа за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, почна и се одвива според истиот шаблон на реплики и на контрареплики меѓу пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на процедурални забелешки. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на денешното продолжение на седницата побара од претседателот на Собранието да ја прекине расправата […]

Богоевски: Со „Шарена револуција“ засекогаш ја променивме политичката сцена

април 12, 2017

Пред една година, на 12 април, илјадници граѓани револтирани од одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да прогласи широка аболиција и да помилува 56 лица – политичари и нивни соработници, кои се споменуваат во прислушуваните разговори, излегоа на масовен протест пред народната канцеларија на Иванов во центарот на градот. Таа одлука, донесена пет дена […]

ВМРО-ДПМНЕ: Целосна измислица е дека Владата му го плаќа телефонот на Груевски

април 4, 2017

Веста дека владата го плаќа телефонот на претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки, реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение попладнево, откако на денешното седмо продолжение на Конститутивната седница на Собранието независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски покажа фотографија на […]

„Потерниците“ за пратениците на СДСМ по урнек на „потерниците“ за Обама и за Кенеди

март 15, 2017

Лажни потерници со ликовите на пратениците на СДСМ, Стево Пендаровски, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, утрово беа излепени во неколку скопски населби. Во нив овие пратеници на СДСМ се обвинуваат дека се предавници и дека прифатиле официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик, двојазични банкноти и униформи, како и дека прифатиле редефинирање на државата како […]

Туфегџиќ, Богоевски и Пендарвски не се независни пратеници, обвини ВМРО-ДПМНЕ

февруари 16, 2017

Последната лага на СДСМ и СОРОС е наводната независна пратеничка група во Собранието, а во неа се Ивана Туфегџиќ, Павле Богоевски и Стево Пендаровски, послушници на аболираниот криминалец Зоран Заев, изјави денеска на прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. – Истата оваа група таканаречени независни пратеници, пред неколку месеци на јавноста и продаваа приказна дека се […]

ВМРО-ДПМНЕ: Милчин и неговите невладини го погребаа граѓанскиот сектор

февруари 15, 2017

СДСМ, Сорос и нивните мегафони молчат за донацијата од 118.000 денари кои невработениот студент Ивана Туфегџиќ му ги даде на аболираниот криминалец Зоран Заев и за донацијата од 184.000 денари кои соросовиот платеник Павле Богоевски ги донираше на сметка на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Туфегџиќ парите во висина од 40 студентски стипендии наместо да ги […]

ВМРО-ДПМНЕ: Туфекџиќ и Богоевски донирале во партија водена од аболиран криминалец

февруари 10, 2017

„Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски се типичен пример за лажниот морал и за лицемерноста на СДСМ и на Сорос. Едно кажуваат, друго прават“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Невработената студентка од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ. Овие пари во вредност од 40 просечни студентски стипендии, невработената студентка Туфекџиќ реши да ги донира […]

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ треба вистински граѓански сектор

февруари 7, 2017

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска повикува на „десоросоизација“ и ги обвинува Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова дека „се само дел од послушниците на аболираниот криминалец Зоран Заев кои докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање антидржавната агенда“. „Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат […]

Судењето на Павле Богоевски одложено за 30 јануари

декември 21, 2016

Основниот суд Скопје 1 денеска третпат го одложи судењето на активистот на „Шарена револиција“ и кандидат за пратеник на коалицијата предводена од СДСМ, Павле Богоевски. Денеска судењето беше одложено по барање на Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Богоевски. Тој соопштил дека од лични причини нема да може да биде присутен на рочиштето. Ново рочиште судот […]

Судењето на Павле Богоевски е одложено за 21 декември

ноември 14, 2016

Денешното рочиште за судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 21 декември затоа што адвокатот на обвинетиот побара разумен рок да го анализира доказот што денеска беше додаден во листата на докази. Доказот е вештачење од Бирото за судски вештачења за вредноста на предизвиканата штета врз Министерството за култура. Наместо Богоевски, […]

Денеска продолжува судењето на активистот Павле Богоевски

ноември 14, 2016

Денеска продолжува судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, кое минатиот месец беше одложено затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура. Богоевски се товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Тој на минатото рочиште рече дека се изјаснил за невин, дека бил дел […]

Манчевски и Богоевски порачаа: Граѓаните на 11 декември ќе го казнат Груевски

ноември 12, 2016

Никола Груевски пишува фејсбук-статуси за наводни нови работни места затоа што не може да ги погледне в очи граѓаните што 10 години ги лаже, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. – Во тие 10 години, власта на Груевски затвори најмалку 10.000 домашни фирми. Колку не мислеше Груевски на домашните фирми покажува тоа што домашните […]

Страна 1 од 2