ЗНМ ја поздрави судската одлука против обидот за цензура на „Нечиста крв“

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздрави одлуката на Основниот граѓански суд-Скопје за донесеното решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, YouTube каналот на ИРЛ и Facebook профилот на ИРЛ.

Ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.

До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари.

ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв“ претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура, ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН).

ССНМ: Медиумите ќе бидат изложени на брутална цензура ако судот го прифати барањето на Жан Митрев

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...