Како да штедиме струја? Погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Тешката зима поради енергетската криза и мерките за штедење на електрична енергија се главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. За тоа како да се прилагодат и однесуваат младите, но и институциите, погледнете во новите вести за млади.

Покрај ова, во 57-мата епизода информираме за новата Национална стратегија за млади и за критиките на ЕУ кога станува збор за родовата еднаквост во земјава. Ја третираме иницијативата во Скопје да се дозволи сопствениците на миленици заедно со нив да можат да го користат јавниот превоз, како и апелот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ дека онлајн наставата треба да биде последно решение за справување со енергетската криза.

Ќе погледнеме и како помина отворањето на младинскиот центар во Тетово, но и како изгледа раѓањето на нова црна дупка.

Новата епизода на „Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.