fbpx

Зијадин Села избран за нов претседател на ДПА

-

Движењето за реформи на ДПА, го избра струшкиот градоначалник Зијадин Села за претседател на партијата, на, според нив, шестиот редовен партиски конгрес, одржан попладнево во Тетово. Села изјави дека Мендух Тачи е нелегитимен претседател на партијата затоа што бил реизбран на конгрес минатата година, што е спротивно на статутот на партијата, кој налага партискиот конгрес на опозициската партија на Албанците да биде одржан денеска.

– Ќе се обратам до поранешниот претседател на ДПА, Тачи, да ги врати печатите, а доколку тој не го стори тоа, ќе поведеме судски спор, што, според мене, треба да го добиеме, бидејќи ние сме работеле според правилата во статутот. На крајо, ДПА не е поединечен човек, ниту Тачи ниту Села, туку ДПА е поширокото членство – изјави Села.

Во случај судот да пресуди во корист на Тачи, Села најави дека со своите приврзаници ќе формира нова партија на Албанците, која со другите опозициски албански партии ќе се бори за правата на нивниот етникум.

– Во Македонија не постои опозициска партија на Албанците. И Тачи и Ахмети му се партнери на премиерот Груевски. Затоа, реформираната ДПА ќе се бори да се врати достоинството на Албанците. Кога ќе победиме на избори, ќе бараме да ни се исполнат условите, па потоа да влеземе во владата – рече Села.

Новоизбраниот лидер смета дека политичката криза може да се реши со меѓународно посредништво и со присуство на европски судови во Македонија, по примерот на ЕУЛЕКС во Косово. Тој не верува дека кризата во Македонија ќе доведе до меѓуетнички конфликти, но, како што рече, владејачките партии би посакале да се случат ваквите инциденти.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, беше избран со 617 гласа „за“, еден „против“, додека седуммина делагати биле воздржани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...