fbpx

Жерновски: Сега граѓаните гледаат што се случувало во Македонија

-

Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, Андреј Жерновски рече дека советникот кому Сашо Мијалков и Миле Јанакиески му нуделе поткуп, и покрај големиот притисок, не попуштил.

Градоначалникот му честиташе на советникот од партијата Нова алтернарива и рече дека разговарале и знаел низ каков притосок поминал. Жерновски рече дека имало притисоци и за другите советници, но не сакаше да зборува во нивно име.

Како одговор на новинарско прашање, градоначалникот рече дека притисокот бил најголем онаму каде што опозицијата била фаворит и имала поголеми шанси за победа и дека немал никакви материјали за Мирослав Шиповиќ, но „се надева дека ќе има“.

– Сигурен сум дека и тој бил притиснат како и останатите советници. Ние за ова зборувавме уште во текот на трите изборни круга, но дел од граѓаните поверуваа, дел не. Не ги обвинува бидејќи немавме докази. Сега, со нашите докази, сите веруваат и гледаат што се случува во Македонија – рече Жерновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...