Жените не смеат да се сликаат во бикини ако сакаат да бидат сфатени сериозно, вели маркетинг агенција

Маркетинг агенција добила остри критики и била приморана да ги затвори своите профили на социјалните мрежи, откако јавно на својот Инстаграм профил објавиле стори во кое исмеваат девојка која аплицирала за позиција практикант во нивната компанија. Тие споделиле слика од младата Емили Клоу (Emily Clow), 24 годишна девојка од Тексас, во бикини и ја искритикувале зошто има објавено вакви фотографии објаснувајќи дека ако сака да биде сфатена сериозно не треба потенцијалните работодавци да можат да видат вакви слики.

View this post on Instagram

gotta cool off somehow

A post shared by emily clow (@clowd_nine) on

“(PSA) Оглас за јавна услуга, бидејќи знам дека не следат нашите апликанти за работа, не им ги споделувајте вашите социјални мрежи на вашите потенцијални работници доколку имате вакви фотографии. Бараме професионален маркетер, а не бикини модел. Правете што сакате во вашиот приватен живот, но ова не ви помага да најдете професионална работа.”

 

Емили била вчудоневидена од овој нивен непрофесионален пристап и ја споделила случката на нејзиниот твитер профил, по што добила голем број реакции и поддршка. “Очигледно е премногу да бараме да смееме да носиме бикини и да бидеме вработени.” – е една од реакциите.

 

Од компанијата велат дека наводно Емили воопшто не била квалификувана за пракса во нивната компанија и тоа била причината зошто била одбиена, а не нејзината бикини фотографија. Но, проблемот кој јавноста го гледа во оваа ситуација не е во тоа што Емили не ја добила работата, туку во јавна изјава на компанијата дека жената не смее да објавува фотографии во бикини доколку сака да има професионална кариера. Името на компанијата e „Kickass Masterminds“, чии профили на социјалните мрежи по оваа случка се направени приватни, а нивната веб страница е деактивирана.