Зеленски: Војната во Украина е поблиску до својот крај од што луѓе мислат

Украинскиот претседател во интервју изјави дека Путин „се плаши“ од украинската инвазија во Русија и истакна дека е клучна воената поддршка од Западот

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју со „Еј-би-си њуз“ изјави оти смета дека крајот на војна е поблиску од што многумина мислат, пренесува Гардијан.

„Мислам дека сме поблиску до мир отколку што мислиме…поблиску сме до крајот на војната. Затоа бараме од нашите пријатели, нашите сојузници, да нè зајакнат. Тоа е многу важно“, вели Зеленски во интервјуто со „Еј-би-си њуз“.

Зеленски дополни оти смета дека рускиот претседател Владимир Путин „се плаши“ од украинската воена операција во Курската Област во Русија, која започна минатиот месец. Досега се постигнати голем број од стратешките цели на операцијата, вклучувајќи уништување на клучни руски мостови и складишта со оружја.

Зеленски е на посета во САД за да присуствува на седници на Генералното собрание на Обединетите нации како и да претстави „план за победа“ во војната на американскиот претседател Џо Бајден и кандидатите за претседател Камала Харис и Доналд Трамп.

Третото издание на Маалски Фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Од 27 до 29 септември ќе се одржи третото издание на „Маалски Фестивал“ којшто оваа година го носи мотото „Културата како јавно добро“. За време на фестивалот, во просториите...