Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју со „Еј-би-си њуз“ изјави оти смета дека крајот на војна е поблиску од што многумина мислат, пренесува Гардијан.
„Мислам дека сме поблиску до мир отколку што мислиме…поблиску сме до крајот на војната. Затоа бараме од нашите пријатели, нашите сојузници, да нè зајакнат. Тоа е многу важно“, вели Зеленски во интервјуто со „Еј-би-си њуз“.
Зеленски дополни оти смета дека рускиот претседател Владимир Путин „се плаши“ од украинската воена операција во Курската Област во Русија, која започна минатиот месец. Досега се постигнати голем број од стратешките цели на операцијата, вклучувајќи уништување на клучни руски мостови и складишта со оружја.
Зеленски е на посета во САД за да присуствува на седници на Генералното собрание на Обединетите нации како и да претстави „план за победа“ во војната на американскиот претседател Џо Бајден и кандидатите за претседател Камала Харис и Доналд Трамп.