fbpx

Засилени контроли на храната во туристичките места

-

Агенцијата за храна и ветеринарство, на почетокот на туристичката сезона, спроведува вонредни, засилени контроли на храната во сите поголеми туристички центри во земјава.

Од почетокот на јуни, вонредни засилени контроли во туристичките места, инспекторите за храна и официјалните ветеринари спроведоа во охридско-струшкиот регион и во Дојран. Целта е да се пресретнат и спречат евентуални труења и инфекции кои лесно можат да се случат како последица на високата температура.

Со вонредните контроли се опфатени хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе-барови, прокавници, летни тераси и други објекти, каде се очекува зголемена фреквенција на туристи.

– Со вонредните контроли во охридско-струшкиот регион, беа опфатени 101 угостителски објект. За констатираните недоследности се издадени 34 решенија за нивно отстранување, две решенија за забрана на вршење дејност, наплатена е глоба во висина од 4.000 евра во денарска противвредност и издадени се oсум покани за едукација. Исто така, од инспекциските служби на Агенцијата се уништени и 229 килограми небезбедна храна од животинско потекло – информираат од Агенцијата.

При спроведените контроли на 12 оператори со храна во Дојран, од кои шест сè уште не почнале со работа, од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство не се евидентирани поголеми отстапувања кога е безбедноста на храната во прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...