fbpx

Започнува ски сезоната на Попова Шапка, два километри патеки за ноќно скијање

-

Со пуштање во употреба на новиот систем за осветлување во скијачкиот центар „Попова Шапка“, денеска официјално беше најавено отворањето на ски сезоната за годинава. Ски центарот фо посетија министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини и директорот на АД ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу и извршија увид на активностите за модернизација.

Според директорот Авзиу санирани се рефлекторите кои се подготвени осветлување на повеќе од два километри патеки за ноќно скијање. Дополнително, инвестирано е и во два модерни ресторани, а новина е што годинава за прв пат во туристичкиот центар „Попова Шапка“ има јавни тоалети.

Министерот Бектеши рече дека туристичкиот центар полека се доближува на регионалните и европските туристички центри, нудејќи се повеќе услуги за туристите, а министерот Нуредини истакна дека ова е прво отворање на Попова Шапка откако е дел од Националниот парк „Шар Планина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...