fbpx

ЕЛЕМ ТУРС ја доби финансиската анализа за Попова Шапка, на ред се ЕЛЕМ и Владата

-

Рокот за доставување на анализата due diligence за Попова Шапка од страна на PWC, која го доби тендерот од ЕЛЕМ во јуни, истече денес. Од ЕЛЕМ ТУРС известуваат дека ја примиле анализата и дека за истата ќе се дискутира и анализира, известува Порталб.мк.

Анализата due diligenceвклучува детална анализа на финансиската, правната и даночната состојба на подружницата Попова Шапка“ – Тетово за претходните три години (2016 – 2018) и хотелите Славија“ и Попова Шапка“.

„Анализата пристигна и ќе се дискутира. Знаете како оди постапката, бидејќи рокот важи уште денес. Анализата прво треба да се достави до ЕЛЕМ, а потоа ЕЛЕМ ќе ја достави до Влада“, рече за „Порталб.мк“. Ана Здравковска од ЕЛЕМ ТУРС.

Празни состаноци, се дискутира за проблемот на Попова Шапка, но ништо не се презема

Во средата, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, се состана со министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, каде според нив, разговарале за можните инвестиции во Тетово. Од општината Тетово велат дека тие ја предложиле Попова Шапка како еден од центрите каде може да се инвестира, како и жичарата Тетово-Попова Шапка.

„Ние предложивме да се инвестира во Попова Шапка бидејќи е приоритет, да се инвестира во жичарата Тетово-Попова Шапка како во Водно“, велат од општина Тетово.

Од општината велат дека министерот само бил информиран каде е можно да се инвестира и не ветил дека ќе стори ништо конкретно.

Владата е посветена на правичен економски развој, ние сме посветени на инвестиции и развој во сите региони, имајќи ја предвид и Попова Шапка, за кое сметаме дека е многу важно за развојот на зимскиот туризам. Секако дека на состаноци со потенцијални инвеститори ќе ги претставиме можностите за инвестирање во нашата земја. Додека се најде потенцијален инвеститор кој може да ја подобри состојбата на Попова Шапка, ние ќе соработуваме со локалната самоуправа за реализација на инвестицијата што би била во интерес на сите граѓани на Тетово, како и на граѓаните на РСМ “, велат од Министерството за странски инвестиции.

На веста од Општина Тетово за споменатата средба, реагираше Граѓанската иницијатива Да ја спасиме Попова Шапка“. Според нив, доколку општината сакала да стори нешто за „Попова Шапка“, сега три години по основањето на оваа иницијатива, работите би се придвижиле барем малку.

Да сакаше оваа госпоѓа да ги слушне и прифати критиките, решенијата и можностите за развој наПопова Шапка“, денес, сигурно по 3 години од започнувањето на оваа иницијатива, Попова Шапка, ќе се помрднеше од овој грч. Во 2016 година формиравме работни групи за да и помогнеме на општината, но за жал тие не идентификуваа дека не сме механизам за манипулација и експлоатација “, велат од Иницијативата Да ја спасиме Попова Шапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...