Големата модна манифестација, Скопски моден фестивал (Skopje fashion Festival) официјално се отвори вчера започнувајќи ја својата модна прогноза за месец март со модни ревии на локални дизајнери, парчиња накит и впечатливи креатори.
Првиот ден на првата сезона на фестивалот започна со ревијата на македонскиот дизајнерски бренд за облека „KTN“ зад кој стојат сестрите Ангелина, Ива и Сандра.
На речиси сите дизајни беше пристојно изложена впечатлива панделка која заедно со ракавиците со должина до лакт, како и свилените марами за на врат, ја претстави колекцијата како одраз на женственост. Фрнацуската нота покрај во баретките и другите капи, лелеавите панталони и строгиот крој на комплетите палто со здолниште, беше забележана и во торбите полни со цветови и багетки.
Втората ревија според програмата беше на неповторливиот бренд за италијански накит „Сигма“. Крупните парчиња на украсен или скапоцен камен се повторно во тренд како привезоци, но можеа да се забележат и во комбинација со големи, крупни обетки.
Последната ревија што се одржа во округот на првиот ден беше на три студентки на академијата „Еволуцион“ кои преку специфични и особено карактеристични тематски креации го пренесоја својот моден став како идни модни дизајнеерки. Во колекцијата имаше пластика, латекс во искомбинирани со боите на виножитото, потоа металик нијанси одбрани да го доловат „излегувањето од просторот“ што може преносно да се прифати и како излегување од себе си, од сопствената кожа за момент само преку парче облека.
Денес продолжува модното дефиле со модните ревии на „Evgenija Zafirovska x Tea Jeglich“, „STL Studios“, „Sara Redzic“ и „Superstacy“. Во утрешниот ден моднсто свтело го позајмуваат ревиите на „Stefanija Naseska“, „Katerina Zoto“ и „Emil Exclusive Design“, а во понеделник се отвора изложбениот салон во кој свои дела ќе изложат неколку локални дизајнери и дизајнерски брендови. Салонот ќе биде отворен до 27-ми март.
Скопскиот моден фестивал се одржува во соработка со Скопје Сити Мол.