Започна летната распродажба на игри со попусти на Батлнет и Стим

Фото: Sean Do on Unsplash

Почна долго очекуваната распродажба на игри на Steam и Battle.net, за која се знаеше дека ќе се случи летово. Сега може да се набават и стари, подобри наслови по намалени цени.

Што се однесува до платформата на Близард, има намаление за World of Warcraft Dragonflight од 50 отсто. Оваа најнова експанзија претрпе драстични намаленија на повеќе самостојни промоции до 40 отсто, но откако излезе, ова е најголемиот попуст до сега.

Во најевтината варијанта WoW Dragonflight чини 25 евра, а во најскапата е 45 евра за едиција со највеќе бонуси, што инаку стандардно на редовна продажба се продава двојно повеќе. Исто така, во моментов експанзијата е во развој и достапни се повеќето нови рејдови и новите митски зандани за играње, како и PvP предизвиците за покомпетитивните WoW играчи што наградуваат со уникатни скинови. Имате шанса до 17 јули да размислите дали би ја земале. Најскапата верзија доаѓа и со 30 дена gametime. 

Исто така, Warcraft III Reforge обработената верзија на класичната real time strategy што беше многу игрива и играна, обработена со помодерна графика и модели на ликови, што за жал имаат помалку драж од оригиналот, може да се купи за само 15 евра во најевтина, а 20 евра во целосна најнадградена варијанта. Критиките се дека оваа верзија беше унасилена и не толку добро обработена, но барем се обидоа со нова варијанта на изгледот и може легално да се игра играч против играч преку интернет. Но, овојпат треба да се напомене дека сите нивоа или варијанти за сценарија што би ги изработила заедницата или индивидуалци, правата припаѓаат на Близард. 

Исто така, за љубителите на Диабло игрите, за жал, Диабло 4 нема никаков попуст поради тоа што излезе пред неколку недели и логично е уште да се продава по целосна цена. Имаме и напис за најновата Диабло игра тука. Играта е одлична и е прогласена за најдобра верзија на Диабло досега, иако е најнова. Тој примат досега го држеше Диабло 2, која пак се продава со графички аптејтирана верзија наречена Диабло 2 Ресуректед и на оваа летна распродажба чини само 13,19 американски долари, со намаление од 67%, додека стандардната цена е 39.99 долари. 

Исто така, доста популарно е и намалението на Call of Duty Modern Warfare II, кoja чини 38,49 долари, во стандардна продажба чини 69,99 долари, а на Steam истата игра е над 90 долари. Повеќето Македонци ја играат само основната верзија на оваа игра. Но оваа игра, за разлика од другите Близард игри што бараат основен гејмерски компјутер, бара доста посилен персонален компјутер. Сепак, доброто е што е игрива и без дополнителни трошоци. Може да се игра и без никакво купување, но со купувањето добивате пристап до задачи и отклучување козметика за оружја и скинови за играчи кои се инаку недостапни. Единствениот грајнд е на Battlepass-овите кои се завршуваат изненадувачки брзо ако ова ви е главна игра за играње, што е така во моментов за многу љубители на FPS игри. 

На Стим претежно се на намаление истите игри, што секогаш се покриени во претходни наши вести. Но, она што паѓа во очи е што можете да ги купите сите Tomb Raider игри за драстично намалени цени. Додека најновите Спајдермен игри исто така се намалени за по 20 евра. Марвелс Спајдермен Ремастеред чини 40 евра – намалена од 60. А Мајлс Моралес Спајдермен е 33,49 евра намалена од 50. За други можни попусти на Стим, видете ги препораките од наши претходни написи тука. Се надеваме дека овие распродажби ќе ги задоволат вашите гејмерски апетити, но и дека нема да претерате со трошење финансии на игри. Некогаш е доволно да се земе и само една игра, која што долго време “сте ја меркале”, иако треба да напоменеме дека ваквиот тип на распродажби се случуваат само неколку пати во годината.